Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во вториот круг сплотени да го нанесеме фаталниот удар за пад на власта

Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата – aнтидржавните политики и криминалот вчера беа поразени, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат од оваа партија, граѓаните сплотени и без страв рекле дека сакаат право и правдина.

„Гордана Силјановска-Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши. Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-ина партии што застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски. Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт, потребна е победа во вториот круг“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека Гордана Силјановска-Давкова е вистинскиот избор за право и правда.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на обединување во вториот круг, со цел, како што велат, да се нанесе финалниот удар за пад на власта.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +