Centar.mk
БИЗНИС

Германците годишно во просек пијат по една када алкохол

Во Германија се консумираат големи количини алкохол и секој Германец годишно во просек пие по една када полна со алкохолни пијалаци, покажува годишниот извештај за болести на зависност, а пренесува „Пословни дневник“.

Според последните пресметки, потрошувачката на алкохол во Германија во 2017 година изнесувала околу 131 литар на жител, што е два отсто помалку отколку една година порано, објави германската Централна канцеларија за зависности (DHS) во Берлин.

Сепак, овој благ пад не е причина за прослава, се наведува во извештајот, бидејќи количината од 131 литар соодветствува на када полна со алкохол. Во извештајот како најнови податоци за консумирање алкохол се наведуваат бројки од 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК