25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе им го зададат и крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5 мај

Граѓаните вчера ги поразија антидржавните политики на Заев и Пендаровски. Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ги поразија СДСМ, ДУИ и уште 30-ина партии што застанаа зад Пендаровски. Бранот на промени е тргнат. Македонија бара право и правдина. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Гордана Силјановска-Давкова е кандидат што обединува, носи подобра иднина и гарантира почитување на Уставот и законите.

Заев и Пендаровски изгубија и тие го знаат тоа. Доволен знак се нивните панични реакции и бледи прес-конференции како вчера така и денес. Граѓаните ќе им го зададат и крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5 мај“, порача опозициската партија.