Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот на скопското село ‘Ржаничино. До несреќата дошло кога камион влекач МАН се судрил со два мотоцикла.

Во незгодата повреди добиле возачите на мотоциклите. Со возило на итната медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што едниот им подлегнал на повредите, а другиот со тешки телесни повреди бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК