16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Познат идентитетот на загинатиот полицаец – Министерот Оливер Спасовски упати телеграма со сочуство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово.

“Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак загубивте син, сопруг, татко, брат, пријател.“, напиша меѓу другото министерот Спасовски во телеграмата до семејството Цветковски.