6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОСТ: Отворени се сите гласачки места, освен во Студеничани

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен ГМ 2344 во општина Студеничани поради тоа што лицето кое има клуч од просторијата во која е сместено гласачкото место, одбива да ја отклучи. Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес. Набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Monitoring 2019“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа во 11:00 часот, во 14:00 часот и во 19:00 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во земјава.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +