Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски: Денес одлучуваме во која насока ќе се движи нашата земја, очекувам одговорност од сите учесници да имаме мирен деморкатски изборен ден

Го искористив своето гласачко право и гласав за избор на претседател, гласачкото право и гласањето е еден демократски чин којшто истовремено е и чесно и одговорно затоа што сите заедно одлучуваме во која насока ќе се движи нашата држава, рече Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.

– Мирна, позитивна и демократска атмосфера којашто беше обележје на целата изборна кампањата, гледам дека продолжи и денеска на избирачките места ширум државата.

Граѓаните своето гласачко право го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин.

Институциите со сите свои капацитети одговорија на предизвикот изборите да минат во најдобар ред, како што впрочем и прилега на држава идна членка на НАТО и ЕУ.

Очекувам одговорност од сите учесници во оваа изборна кампања токму денес на изборниот ден да направиме се, сите заедно истиот да помине во една мирна, демократска и позитивна атмосфера до самиот крај, рече Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +