Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Регистрирани прекршувања на изборниот молк – се испишуваат графити, се лепат слики на кандидатите

Полицијата информира за неколку случаи на прекршување на изборниот молк, каде се испишувале графити и се лепеле слики на кандидатите за претседател. Вчера во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Изутринава околу 8.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев“ во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори. Околу 9 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Во истиот период во Полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК