14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За сите измислени лажни вести ВМРO-ДПМНЕ ќе бидат казнети од граѓаните, тимот на Сиљановска треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело, велат од СДСМ

Тимот на Гордана Сиљановска кој секојдневно шири лаги треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело, велат од СДСМ.

– Толку е голем стравот од пораз на Сиљановска на овие избори па нејзиниот тим смислува лажни вести и измислени филмови за апликации кои не постојат.

СДСМ веќе ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, не постои апликација којашто прибира податоци, лични информации, видеа, фотографии, ниту активности на интернет.

Основното непознавање на технологијата и современите системи за водење на кампања на застарената ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во минатото, е нивни проблем.

ВМРО ДПМНЕ е партијата симбол на криминал од невидени размери, измами, најголема можна злоупотреба на институциите и загрозена приватност на граѓаните со масовно прислушкување.

Сите нивни невистини, лажни тврдења, лажни вести и измислени филмови во кои никој не верува се остатоци од истата криминална матрица на Никола Груевски која се пресликува во ВМРО-ДПМНЕ и во штабот на Гордана Сиљановска.

Години на притисоци, закани, грабеж за лични цели, на грбот на граѓаните и пустошот кој го оставија зад себе не се заборава и не може да се избрише од сеќавањата на граѓаните со лаги и невистини.

Впрочем, бројни судски постапки и истраги се веќе во тек за криминалот на режимот на Никола Груевски, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.