Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Неготино: Гласот за Стево е глас за продолжување на реформите

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера попладне учествуваше на граѓанска трибина во Неготино каде со граѓаните разговараше за повеќе актуелни теми, како и претстојните избори и потребата од вистински претседател на сите граѓани.

„Граѓаните покажуваат дека се среќни бидејќи ги затворивме најважните прашања, се смиривме со соседите, градиме партнерство, пријателство и таквите политики даваат резултати и ќе даваат сè поголеми придобивки за граѓаните. Затоа до крајот на годината ќе бидеме 30. членка на НАТО, а кон средината на оваа година ќе ги отвориме преговорите за влез во ЕУ. Зошто ЕУ и НАТО, затоа што најмоќните сојузи значат повисок животен стандард, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати“, порача Спасовски.

Тој потенцираше дека изборот на претседател е од исклучителна важност бидејќи само со партнер на граѓаните и поддржувач на концептите на интеграции и напредок, како што е Стево Пендаровски, можеме да продолжиме напред.

„За да продолжиме напред мораме да имаме успешни претседателски избори, а тоа значи да го избереме Стево Пендаровски. Изборот на кандидатот на Мицкоски не е опција бидејќи ние и мнозинството граѓани избравме да застанеме заедно зад заеднички кандидат. 31 партија, повеќе од 60 пратеници и над 32.000 граѓани избраа да одбереме човек кој е натпартиски кандидат, да покажеме дека претседателот ќе нè обединува, ќе води напред кон подобра иднина. А напред можеме да продолжиме само со Стево Пендаровски“, заклучи Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК