Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски од Дебарца: Само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Дебарца, порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.

„Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ“, истакна Пендаровски.

Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.

Претседателскиот кандидат Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.

„Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО“, повика Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК