Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Концерт на Теодосиј Спасов на „Џез-фактори фестивал“ во Битола

Со настап на „Молли тролли квартет“ вчеравечер во Битола почна второтo издание на „ Џез-фактори фестивал“. Главната фестивалска програма почнува вечерва со концертот на бугарскиот музичар Теодосиј Спасов во Битолскиот народен театар. По него ќе настапат и Теодосиј Спасов и Виктор Филиповски. Во придружната фестивалска програма за вечерва во клубот „Порта џез“ е закажан концерт на „Скопје Џез Инк“.

„Теодосиј Спасов е препознатлив како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк-мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригинални идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанри“, информираат организаторите на „Џез-фактори фестивал“.

Програмата продолжува утре со настапот на „Џоле Грујовски квартет“ и „Кабадајас“ во Битолскиот народен театар, а Лина Авшар концерт ќе има во „Камарите“.

Во рамки на фестивалот утре во битолскиот театар во 14 часот ќе се одржи и џез-работилницата со наслов „Џез фестивали, организација, вмрежување, мобилност на артисти“, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.

Фестивалот Џез-фактори се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен Театар–Битола.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК