11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: Никогаш повеќе нема да дозволам и најостро ќе осудувам поделби, омраза и конфликти

Кога на 1 април ја започнав кампањата, ме водеше желбата да стигнам до секој граѓанин, да разговарам со вас и да ги слушнам вашите размислувања за иднината на земјата. Ме водеше желбата да ја пренесам, до секој од вас, пораката за обединување и заедништво, правда и еднаквост за сите, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„По стотици километри поминати, по многу часови разговори со вас, сигурен сум дека мојата визија и политички концепт за земјата имаат силна поддршка од огромен број граѓани. Тоа ми дава уверување дека сме на вистинскиот пат и уште поголема мотивација. На 21 април и 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато и можност да избереме да живееме во правично и демократско општество кое ќе се темели на човечност, солидарност и еднакви права за сите.

Како ваш иден претседател ќе направам сé за да се издигнеме над случувањата од минатото, да ги оставиме зад нас поделбите и да се обединиме без разлика на вера, нација, јазикот кој го зборуваме, политичката или друга определба. Никогаш повеќе нема да дозволам и најостро ќе осудувам поделби, омраза и конфликти и политики кои на било кој начин ќе ги загрозат интересите на граѓаните. Вашите интереси се, и остануваат мојот највисок приоритет.

На 21 април и 5 мај имаме можност да го направиме вистинскиот избор за нашите млади и идните генерации. Младите сакаат општество без граници и развој. Наш аманет е да ја направиме оваа земја силна и стабилна, да ја интегрираме во евро-атланските структури кои на младите ќе им овозможат еднакви можности на како нивните врсници од Европа. Да создадеме клима за нови инвестиции кои ќе обебедат економски напредок на земјата, повеќе и подобро платени работни места. Наш аманет е да ги задржиме младите дома. Но, за тоа, треба да ги донесеме европските вредности и стандард и да им обезбедиме услови за кариера и семејство во татковината. Затоа, овие избори се вистинска шанса за нивната иднина и ние не смееме да ги изневериме.

Нашиот пат никогаш не бил лесен. Односите со соседите се обременети од многу тешки историски етапи и неправди. Но ние покажавме дека сакаме да одиме напред, а не да останеме заглавени во минатото. Не беше лесно да го смениме курсот на политиките на Груевски и изолацијата во која тој ја држеше оваа земја. Донесовме тешки, но нужни одлуки.

Мојот политички опонент -Силјановска, изјави дека Македонија е слаба, пропадната држава. За разлика од неа, јас силно верувам во оваа земја. Верувам дека има голем потенцијал и можности за напредок. Како никогаш досега, нашите идејни концепти драстично се разликуваат, а изборот е Напред или Назад. Затоа на 21 април и на 5 мај, масовно да излеземе и да го направиме вистинскиот избор за нас и нашата татковина.

Да избереме напредок, а не назадување! Да избереме обединување, а не поделби! Да избереме интеграции, а не изолација! Да избереме пријателства и добрососедски односи, не непријателства и омраза! Да избереме иднина и заедно да продолжиме да чекориме напред!“ порача Пендаровски.

Спонзорирано: