2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сиљановска не знае колку војници има во АРМ, а сака да стане врховен командат на вооружените сили

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата. Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили, соопшти СДСМ.

Според партијата, освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска, исто како и Никола Груевски, бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.

„Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите. Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.

Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата. Затоа в недела, и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси. Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски, кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО”, се вели во соопштението.