Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Македонија е сиромашна земја, но доволно богата за да може да ги нахрани сите

Го имате мојот збор, дека доколку јас станам претседателка на Република Македонија ќе сторам се да бидам првата амбасадорка што ќе се справи или ќе стори се за да се справи со проблемот со гладта. Оти срамота е во 21 век да се соочуваме со ваков проблем, изјави кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова.

„Македонија е сиромашна земја, но доволно богата за да може да ги нахрани сите. Оваа природа е благословена, дали е тоа во поглед на земјата, на овошјето, на зеленчукот, на другите предизвици, само значи немаме добра организација, не од вас, туку од оние кои што се најповикани – од власта. Од владата, од специјалното министерство, кое би требало да биде целосно посветено на овој предизвик“, рече Сиљановска.

Таа вети ќе го стори тоа што го има напишано и во програмата.

Можеби ќе ве интересира

Мистериозна трагедија ја потресе Македонија: Пронајдено тело во распаѓање на жена во Зрновци, се шири морбидна приказна

ДЕСК

Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување, тврди Левица

ДЕСК

Полицијата заплени 7 кубика нежигосано огревно дрво

ДЕСК