Centar.mk
БИЗНИС

Русија забрани извоз на нафта и на нафтени деривати во Украина

Руската влада го забрани извозот на руска нафта и нафтени деривати во Украина, рече премиерот Дмитриј Медведев на состанокот на владата денеска, пренесува ТАСС.

Медведев, исто така, ја продолжи забраната за увоз на одредени украински стоки.

„Принудени сме да ги заштитиме нашите интереси и да возвратиме”, рече тој на состанокот на кабинетот, зборувајќи за украинските рестрикции против Русија.

„Го потпишав владиниот декрет за таа мерка. Ја прошируваме забраната за увоз на одредени видови стока во Русија која ќе се применува за украински инженерски производи, производи за широка потрошувачка, метални производи, чија вредност минатата година изнесуваше речиси 250 милиони долари”, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Дали Македонија станува земја без мајстори?

ДЕСК

Еден клик може да ве остави без пари: Интернет измамите стануваат секојдневие

ДЕСК

Возачите во исчекување: Попладне ќе се знае дали горивата ќе поевтинат

ДЕСК