Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од утре теренска вакцинација против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние кои не ја примиле вакцината против морбили. Одлуката доаѓа како одговор на епидемијата на морбили која е прогласена на целата територија. Министерот за образование, Арбер Адеми оцени дека кампањата не е агресивна.

„Мислам дека воопшто не е агресивна кампањата, а треба да биде агресивна имајќи ја во предвид ситуацијата со која се соочуваме. Имаме епидемија и институциите е недозволиво да стојат со скрстени раце туку треба да бидат проактивни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“ кажа министерот.

Адеми изрази увереност дека теренската вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати.

Пред два дена во Македонија беше прогласена епидемија на ситни сипаници на цела територија. Комисијата за заразни заболувања донесе одлука забрана во градинките за сите невакцинирани деца.

Можеби ќе ве интересира

Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК во Скопје – градот под сообраќајна блокада

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: Маж загина додека работел со машина на работно место

ДЕСК

Тешка сообраќајна незгода во населбата Илинден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.