4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски на ТВ Тера: Одиме напред со заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, напред за подобра иднина на сите граѓани

Генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски гостуваше во ТВ Тера каде зборуваше за преземените реформи на Владата предводена од СДСМ што ја извадија државата на вистински пат, како и за важноста на претстојните претседателски избори од кои зависи дали ќе избереме партнер на граѓаните каков што е Стево Пендаровски или партиски послушник како што е Гордана Сиљановска-Давкова.

„Мошне е јасно дека на овие избори се борат два клучни концепти, од една страна Стево Пендаровски, концепт на стабилност, безбедност, сигурна иднина, концепт кој се бори за евроинтеграции и влез во ЕУ и НАТО и од друга страна концептот на Христијан Мицкоски и неговиот кандидат Сиљановска кој се обидува да ја врати државата во изолација и во темното минато“ – порача Кирацовски

Кирацовски потенцираше дека големината на натпартискиот кандидат Пендаровски е тоа што зад неговата кандидатура застанаа 31 партија, над 60 пратеници и 32 илјади граѓани кои се потпишаа за само неколку часови.

Во насока на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, Кирацовски посочи дека никој не смее да ги стави партиските интереси пред државните, особено не сега кога државата е пред портите на ЕУ и НАТО.

„Има драстична разлика помеѓу политиките на СДСМ што ја извадија државата на вистински пат и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, и нормално огромна разлика меѓу тоа за што се бори Пендаровски, а за што Сиљановска. Сиљановска нема став за клучните прашања, менува изјави, не осудува насилство, нема став за иднината на СЈО, не го осудува бегството на Груевски и затоа граѓаните знаат дека имаат само една алтернатива а тоа е Стево Пендаровски“ – изјави Кирацовски

Кирацовски порача дека помирувањето со Грција и евроинтеграциите се перспектива младите реално да останат тука, бидејќи сега сме атрактивна земја за инвестиции и младите ќе имаат квалитетни услови да останат да работат тука и да основаат семејство.

На крајот, Кирацовски упати повик граѓаните на 21 април и на 5ти мај масовно да го изгласаат Стево Пендаровски кој всушност е нивен кандидат бидејќи Стево е олицетворение на концептот едно општество, на прогресивна сила која државата ќе ја води кон ЕУ и НАТО.