Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ГДУ: ДПМНЕ и СДСМ мора да признаат дека администацијата е неспособна

Лудилото со јавната администрација мора да заврши, велат во соопштение од Граѓанско демократската унија (ГДУ), од каде додаваат дека администрацијата е неспособна и тоа мора да го признаат двете најголеми политички партии.

„Очајни се обидите на ДПМНЕ и СДСМ за префрлање на топката, зашто сите се свесни дека таму каде што претходните застанаа, сегашните само продолжија. Партиска книшка и вработување мајки, стрини, синови, тетки братучеди“, стои во партиското соопштение.

Од ГДУ сметаат дека вината за ваквата ситуација е и на двете партии затоа што, како што велат, нив не ги интересира квалитетот, односно не се вработува по стручност.

„Но и оние што се квалитетни и партиски неопределени се ставени во некоја архива и никој не го искористува нивниот потенцијал. И потоа се чудиме зошто висококвалификуван кадар ни бега од земјата. Зошто ги омаловажувате и ги потценувате оние кои нема да ви покажат партиска книшка?! Затоа реформите треба да почнат од изборот на раководните лица во администрацијата. Тие треба да се бираат преку една транспарентна постапка“, нагласуваат од партијата.

Велат дека постојано укажуваат на проблемот со администрацијата и ќе продолжат да предупредуваат за последиците, односно за проблемот отворено ќе зборуваат пред граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК