10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Еве како да го подобрите вкусот и сочноста на месото, рибите и зеленчукот

Вкусот кој го добиваме со ароматизација на месото, рибите и зеленчукот е незаменлив во готвењето.

Со додавање на зачини во намирниците се менува нивниот вкус, секако кон подобро. За вкусот да биде одличен понекогаш е потребно намирниците да стојат во маринада повеќе од еден ден.

Еве со што можете да ароматизирате или маринирате риба, месо и зеленчук.

1. Риба – идеално е да се наполни со ловоров лист и лук. Така се засилува мирисот и се испушта јод од месото, но и самото заливање со бело вино на јадењето му дава специфичен вкус.

2. Телешко месо – мора да отстои барем 3 часа во маслиново масло, така што ќе омекне толку за да добие идеална сочност, а нема да ја промени структурата на месото.

3. Пилешко и мисиркино месо – сигурно ќе ја сочува сочноста ако отстои во маслиново масло во кое сте додале малку сок од лимон или портокал.

4. Зеленчук – се третира со ситно сечкан кромид, лук и домат, маслиново масло и сок од еден лимон. Во маринадата можете да ставите јаболков или вински оцет.

Спонзорирано: