Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Миликије Халими ја осуди атаката врз „ТВ 21“ и повика на санкции за одговорните

По денешната осуда од Здружението на новинарите на Македонија и барањето до сите институции инцидентот веднаш да биде расветлен, попладнево со реакција се јави градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими. Таа се придружува на осудите и бара целосно расветлување на настанот.

„Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на Општината. Како прв човек на локалната самоуправа лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности, кои се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и сторителите соодветно да бидат санкционирани“, се вели во дописот што Халими го испрати до ЗНМ.

ЗНМ претходно соопшти дека таквото насилничко и примитивно однесување на кое биле подложени колегите од „ТВ 21“ е неприфатливо и претставува напад врз слободата на информирање и класично попречување во вршењето на работата на новинарите.

ЗНМ ја поздравува брзата реакција на градоначалничката Миликије Халими и истовремено бара итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК