13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во Кисела Вода и Расадник утре и задутре ќе се собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ утре и задутре ќе собираат кабаст отпад и електронска опрема во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Од Општината јавија дека локалната самоуправа во овие урбани заедници ќе спроведе акција за расчистување на сметот од јавните површини, а ќе ги средува парковите и омилените игралишта на најмладите. Во исто време ќе се кастрат гранките на дрвјата и грмушките.

Општината информира дека граѓаните кабастиот отпад треба да го одложуваат до 11 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред сè потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците и возилата. Одлагањето отпад по опредeленото време е забрането.

Спонзорирано: