Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Освен што бега од соочување со јавноста, Сиљановска дискриминира новинари и медиуми

Откако избега од соочување со новинарите, кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска денеска покажа дека дискриминира новинари и медиуми.Сиљановска не ги почитува граѓаните и ја продолжува дискриминацијата на новинари и медиуми што осудениот криминалец Никола Груевски ја правеше цели 11 години, соопшти СДСМ.

Според партијата, Сиљановска бега од сопствениот народ за кој самата вели дека не го познава. ,,Сиљановска не знае колку војници има нашата армија.Сиљановска секојдневно потврдува дека е нечесна и лицемерна пред граѓаните, недостојна за функцијата за која се кандидира.Граѓаните го гледаат тоа и затоа веќе во недела ќе и порачаат дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку вистински претседател на нашата држава и затоа масовно ќе дадат поддршка на концептот предводен од Стево Пендаровски”, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК