Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

При изградба на куќа во Могила пронајдени гранати од Првата светска војна

Во битолската полиција жител од село Могила во претпладневните часови на 16 април пријавил дека при ископ на темели за куќа во селото биле пронајдени две гранати од Првата светска војна.

Како што информираат од МВР, гранатите биле со калибар од 60 и 75 милиметри.

Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК