Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фрлил 2 килограма марихуана и побегнал во Албанија кога граничната полиција му наредила да застане

Погранични полицајци од граничниот премин Блато во вечерните часови на 16 април, кај гробиштата во дебарското село Спас, забележале сомнително лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.

Како што информираат од МВР, полицајците му издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата.

Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија. Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограмa.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК