Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Недела на турски филмови со гостување на познати турски актери и режисери

Со поддршка и во организација на Генералниот директоријат за кинематографија при Министерство за култура и туризам на Република Турција, од 23 до 26 април ќе се одржи Недела на турски филмови и кинематогрфска работилница на Турција и Северна Македонија.

Во рамки на Неделата на турски филмови ќе бидат прикажани шест играни и два документарни филмови. На проекциите ќе присуствуваат режисерите и актерите на самите филмови, а ќе биде организирана и кинематографска работилница на Турција – Северна Македонија, на која ќе се сретнат најзначајните имиња од областа на филмот на двете земји како можност на за продлабочување на меѓусебната соработката оваа дејност.

Отворањето на Неделата на турски филмови ќе се одржи на 23 април, вторник, во новиот комплекс на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје каде што ќе се прикаже првиот филм „Балкајмак“, кој е снимен во Македонија. На отворањето ќе присутвуваат режисерот на филмот, Онур Тан, како и познатите актери од Турција Тарик Унлуоглу, Ѓуленај Калкан, Октај Кајнарџа, Јунус Емре Јилдиример, Мелиса Јилдиример и Сабина Тозија од Скопје. По прикажувањето на филмот, ќе се одржи дебата за филмот со режисерот и актерите.

Кинематографската работилница на Турција – Северна Македонија ќе се одржи следниот ден, на 24, на која ќе учествуваат претставници од министерствата за култура од двете земји и познати имиња на филмската дејност од Турција и Северна Македонија.

Во филмската програмата Неделата на турски филмови во киното „Милениум“ и комплексот на Меѓународниот балкански универзитет – Скопје во неколку разни термини за проекција ќе бидат прикажани играните филмови од најновата турска продукција „Каос“ (режисер-продуцент: Семир Асланјурек), „Ајдеде – патување кон месечината“ (режисер: Абдурахман Онер; продуцент: Арзу Шенсес Онер) „Хуркуш – херојот на небото“ (режисер: Кудрет Сабанџи), „Халеф“ (режисер: Мурат Дузгуноглу) и „Сите блаженства се возможни“ (продуцент: Зулфиќар Курум). По секоја проекција публиката ќе има можност да дебатираат со самите режисери во врска со филмовите.

Двата документгарни филма се „Ѓобеклитепе “ на Огуз Макал и „Тамбурица“ на Сали Салији исто така со можност за дебата по фиулмовите со гледачите и авторите.

Неделата на турски филмови свечено ќе биде затворена на 26 април со концертот на „Балканскиот симфониски оркестар на Универзитет Тракија од Турција“, кој ќе се одржи во комплексот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Во тренд…