4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

В понеделник отворање на третото издание на изложбата „Поместени граници“

В понеделник, на 22 април, со почеток во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар МКЦ во Скопје ќе се случува отворањето на третото издание на изложбата „Поместени граници“ оваа година со наслов „Молк за …“

„Проектот ‘Поместени граници’ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што додавајќи му концепт на делото кој говори преку една можеби препознатлива идеја, прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење“, вели кураторот на изложбата, Александра Зиновски Вилиќ.

На изложбата учествуваат автори членови на ДЛУМ од Р Македонија, како и гости од странство: Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Беќири, Андреј Митевски, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски, Софија Григориаду од Грција и Ремијон Проња од Албанија