12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѓорчев: Заев и СДСМ да кажат по кои критериуми ќе ги спроведуваат масовните отпуштања по изборите

Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор, изјави на прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминативе две години, рече Ѓорчев, политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоа да Македонија има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе. Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ.

„Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници. И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор. Откако ја преполни, буквално ја преполни јавната администрација со пет луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор. Кои ќе бидат критериумите со кои што тие отпуштања ќе ги спроведе Зоран Заев? Дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.

Преседанот е дека оваа опасност ги демне луѓето кои што се вработени во образованието, во здравството, во армијата, во полицијата, во општините и во целиот јавен сектор“, истакна Ѓорчев.

Спонзорирано: