21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на книгата „Секој со своето езеро“ на Ненад Јолдески во КИЦ во Софија

Бугарското издание на книгата „Секој со своето езеро“ од македонскиот писател Ненад Јолдески ќе биде промовирано денеска, со почеток од 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на Р Северна Македонија во Софија.

Ненад Јолдески е роден 1986 година во Струга. Завршува Економски факултет и магистратура на катедрата по Општа и компаративна книжевност во Филолошкиот факултет, на тема „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“. Тој е еден од основачите на ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам), формирана во 2013 г. во Струга, како и на фестивалот за пропагандирање на културата ДРИМON.

Неговата прва книга „Штамата на Енхалон“ победува на конкурсот НОВИТЕ (2009) – тоа е зборник со раскази, напишани на струшки дијалект и сленг. Неговата втора книга, исто така зборник со раскази, „Секој со своето езеро“, ја добива Наградата за литература на Европската Унија. Во 2018 г. излегува неговиот роман „Пливање спротиводно“ кој е номиниран за наjпрестижната литературна награда вo Македониja – „Роман на годината“.

„Секој со своето езеро“ излегува во превод на Тања Попова и издание на „Персеј“, во поредицата, потпомогната од програмата „Креативна Европа“. Книгата, која разкажува мали стории за големи нешта и важни луѓе, вклучува 14 кратки раскази – напрегнати, драматични, меланхолични и иронични. Тие се потопени во атмосферата на шармантниот мал град, чиј број на жители постепено се намалува. Во последните години Струга, родниот град на авторот, и Охридското Езеро, имаат претрпено катастрофални промени и го имаат загубено својот поранешен автентичен изглед. На фонот на загрижувачки градски пејзажи се поставени проблемите за стареењето, љубовта и тагата.

Невообичаени во својата структура, расказите во зборникот „Секој со своето езеро“ преплетуваат лични и урбани стории, документарна проза и уметничка литература, длабока почит кон родителите и обичните луѓе.