Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Позитивната кампања на Пендаровски испраќа пораки и до лицата со оштетен слух

На вчерашниот централен митинг на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на бината можеше да се забележи момче кое на знаковен јазик ги толкуваше пораките на кандидатот и говорниците на митингот, појава што е несекојдневна за политичките кампањи во државата.

Но ова не е прв пример во оваа кампања каде претседателскиот кандидат Пендаровски им се обраќа на глувите и наглуви лица. Деновиве на телевизиите веќе се емитува ТВ спот кој е целосно преведен на знаковен јазик. Претходно, бројни видеа на социјалните мрежи објавени од Пендаровски, но и од СДСМ, се со транскрипт, што значително ја подобрува комуникацијата со лицата со оштетен слух.

Она што ја прави посебна изборната кампања на Пендаровски освен пристапот кон лицата со посебни потреби, е позитивноста која се забележува во јавните настапи, како на вчерашниот митинг кој беше одбележан со шаренило, позитивни пораки, поддршка од јавни личности меѓу кои и ракометната легенда Наумче Мојсовски.

За разлика од мрачната и негативна кампања на Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ и еднонасочната кампања на Блерим Река, кампањата на Пендаровски досега е позитивна, инклузивна и праќа пораки на обединување.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК