Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Анкета: Изборите се важни за иднината на земјата

Според анкетата на агенцијата „Рејтинг„ која спроведе испитување на јавното милсење за претседатлските избори во периодот од 8-14 април, врз репрезентативен примерок со кој беа опфатени 1112 испитаници, граѓаните сметаат дека претстојните избори се важни за земјата.

Дека многу се важни рекле 42.9 проценти од граѓаните, додека со одговорот прилично се важни рекле 29,4 отсто. Ниту се важни ниту се не важни одговориле 14,9 отсто, додека 6,6 отсто рекле дека претседателските избори воопшто не се важни.

Анкетата беше спроведена според метотдот интервју лице в лице. Анкетата е независно спроведена за сопствени потреби со цел нашата агенција да ја депонира својата изборна прогноза.
Нивото на доверливост е 95% а можната ститистичка грешка од -3 до плус 3%