24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на СДСМ и премиер Заев, претседателскиот кандидат Пендаровски и градоначалничкиот кандидат Андонов од Ново Село: За европска општина и европска држава, да дадеме поддршка на успешната опција Заедно Напред

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и кандидидатот за градоначалник, Никола Андонов, со оглед дека во општината ќе има двојни избори, на трибината со жителите на Ново Село, повикаа на поддршка на единствената успешна опција за државата Заедно Напред.

-Ќе го поддржам влегувањето во НАТО, очекуваме до крајот на годината да станеме полноправна членка. Во јуни очекуваме почеток на преговорите си ЕУ, и тоа ќе го поддржам. Само со членство во НАТО и ЕУ се отвораат економските перспективи. Нашиот слоган е Заедно Напред, Напред е јасно, никој не сака назад, а Заедно мораме сите, затоа што ова е мултуетничко општество. И нема граѓани од прв и од втор ред, сите сме еднакви, рече кандидатот за претседател на државата, Пендаровски.

Кандидатот за градоначалник, Никола Андонов, вети европска општина.

– Многу луѓе ме прашуваат зошто ти, што ти треба, ништо не ми треба, нрмам намера да правам кариера, да правам пари. Сакам да помогнам на општина Ново Село, гранична општина сме, меѓу европски општини, можеме и до фондови да дојдеме, да ја развиеме општината во убава европска општина, рече кандидатот за градоначалник на Ново Село, Никола Андонов.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев рече дека е среќен што дава поддршка на двајца добри и чесни луѓе кои се нафатиле да водат и повика на максимална сериозност и масовна излезност, за да продолжат позитивните промени во државата.

-Овде ќе се слави победа на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски и на новиот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов. Еве ќе бидеме членка на НАТО до крајот на годината, а ќе отпочнат и преговорите со ЕУ. Стево ќе го поддржи овој пат, а Ново Село треба да избере и градоначалник што го заслужува. Ветив и ќе држиме лекции по економија што граѓаните ќе ги почувствуваат дома и на животниот стандард, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината со жителите на Ново Село.