24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на трилатерална средба со премиерите на Хрватска и Грција, Пленковиќ и Ципрас

Премиерот Зоран Заев во рамки на одржувањето на 8. Самит на шефови на влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник, Република Хрватска, оствари средба со премиерите на Хрватска и Грција, Андреј Пленковиќ и Алексис Ципрас.

На заедничката средба беше изразена голема поддршка од Хрватска и Грција за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија, за започнување на преговорите со Европската Унија во јуни, како и за целосно заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО.

Во рамки на оваа трилатерална средба беше потенцирана заложбата од страна на премиeрите дека во иднина ќе се работи интензивно на зацврстување на економските релации и врски помеѓу трите земји, за унапредување на меѓународната трговија и инфраструктурно поврзување, што ќе даде позитивен ефект на домашните економии од што бенефит ќе почувствуваат граѓаните во сите три земји, Северна Македонија, Хрватска и Грција.