2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски во Илинден, Зелениково и Петровец: Ќе победиме бидејќи носиме европска иднина

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше во посета на Петровец, Илинден и Зелениково каде со граѓаните од овие општини разговараше за повеќе актуелни теми, претседателските избори и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пред жителите на општина Петровец, Пендаровски им порача дека по подолг период, државата се приклучи кон развиениот свет и сега треба да се продолжи уште попосветено напред.

,,НАТО ни даде покана за членство, со ова е обезбедена нашата сегашност и иднина. Дваесет и девет најмоќни земји сега се со нас, не сме сами. Не се поставува прашањето дали ќе не биде. Република Северна Македонија сега е своја на своето. Затоа, да ја искористиме шансата и да продолжиме напред”, истакна Пендаровски.

На средбите со граѓаните од општина Илинден и Зелениково, Пендаровски потенцираше дека ова е избор помеѓу два концепти, едниот, кој води напред во подобра иднина и вториот, предводен од Сиљановска кој ја враќа државата назад во минатото.

,,На другата опција која нема план и визија, да им кажеме дека не сакаме повторно враќање во темното минато. Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО има историски огромна важност, бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома и тука да градат иднина”, порача заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. ,,Убеден сум дека ќе ги потврдиме и продолжиме прогресивните политики и ќе победиме и на 21 април и на 5 мај, бидејќи носиме подобар живот и европска иднина за сите. Затоа, заокружете број 3, за да продолжиме заедно напред”, повика Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +