12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тевдовски: Светската банка набргу ќе одобри 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал

Бордот на директори на Светската банка набргу ќе ја усвои рамката за партнерство 2019-2023, со која на Република Северна Македонија ѝ се ставаат на располагање 420 милиони долари, наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, по средбата со директорката на Светската банка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер.

„Ние очекуваме дека следниот месец Светската банка на својот борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија, за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со кои ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на разни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија“, рече Тевдовски.

Во рамките на овие проекти спаѓа и проектот за олеснување на трговија и транспорт за Западен Балкан во вредност од 26 милиони. Исто така, тука е проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Стратегијата го опфаќа и проектот за реформи во земјоделството за развивање дистрибутивни откупни центри, како и проекти за поддршка на реформи за развој на образованието и здравството и проектот за пензиска реформа.

Во рамките на пролетните средби делегацијата предводена од министерот за финансии, Драган Тевдовски, и гуверенрката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ќе оствари повеќе средби со високи претставници на Светската банка, ММФ, ЕИБ и други финансиски институции.

Спонзорирано: