22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Непознат маж ми ја стави раката под сукња – не му реков ништо, а причината ќе ја разбере секоја жена“

Џесика Вандер Лихи (29), австралиска манекенка која моментално живее во Њујорк, решила да проговори за случај во кој непознат човек ја вознемирувал.

-Непознат човек ја завлече раката под мојата сукња и ме фати за интимните делови. Уште пошокантен е фактот што не направив ништо поради тоа. Не се побунив, не реагирав затоа што не сакав да правам гужва. Кога вратата се отвори на следната станица, само излегов надвор, вели Џесика и додава дека за тоа е виновна глобалната опсесија родителите да ги воспитуваат девојчињата дека треба да „бидат добри“.

– Ми се гади поради тоа што некој може да ми стави рака под сукњата и воопшто да не се грижи за последиците. Мене никогаш не ми паднало на памет да ја ставам раката во нечии пантолони. Како и многу други жени ширум светот, и мене сексуално ме напаќале во јавноста повеќе од што можам да избројам. И никогаш тоа не била жена, туку маж, вели плус-сајз манекенката.

– Исто така во Њујорк, пред околу една година, фатив маж како ми го снима задникот. Кога се свртев и го нападнав, ми рече дека ништо не правел. Тоа беше среде бел ден, во центарот на градот. Никој не се обиде да ми помогне, иако видоа дека девојка вреска и дека тука е некој непознат човек. Ете зошто жените молчат, вели таа.