Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагедија: Македонка загина во сообраќајка во Хрватска

Македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово на автопатот А3 кај Окучани, Хрватска.

Како што јавуваат хрватските медиуми, несреќата се случила кога автомобил со германски регистарски таблички се превртел, слетал во канал и запрел на покрив. Жртвата била сопатничка во возилото.

Возачот, исто така, македонски државјанин, одбил лекарска помош.

„Полициската управа на бродско-посавската жупанија и Жупанското државно обвинителство продолжуваат со испитувањето на очевидци цо сел утврдување на околностите под кои настанала несреќата“, соопшти портпаролката на полицијата, Ката Нујиќ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК