20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возачот Љубиша бил пијан кога ја усмрти и избега – Министерот Спасовски се огласи за младата Фросина

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека намалувањето на затворската казна на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка покажува дека судството не е реформирано, пренесе порталот СДК.

– „Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството. Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира. Минавме тежок период од 11 години кога правилата станаа исклучоци а исклучоците правила, во кој се промени менталитетот на граѓаните, одговори министерот Спасовски на прашање од граѓанин на трибина во Велес, за безбедноста во сообраќајот.

За потсетување, за  смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач Љубиша З. на 3 години, со што казната му е намалена за една година.

Фросина Цековска загина на лице место кога возачот ја удри на пешачкиот премин кај Универзална. Возачот не застанал по кобниот удар. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.