Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се укинува забраната за движење во шуми, властите тврдат дека нема опасност од нови пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Јавното претпријатие „Национални Шуми” ја укинува забраната за движење во шуми која беше донесена на 29 минатиот месец.

Како што појаснуваат од надлежното министерство, одлуката за делумна забрана за движење во шума која беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, се укинува поради тоа што во моментов, согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство инфомрира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

Од таму постетуваат на забраната за палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.

За непочитување на овие одредби се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК