23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јорданов: Две години се манипулира дека се уредува корито на река во должина од 300 метри

ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначачникот на Ново Село дека неколку пати до сега во овие две години се сликал и манипулирал дека интензивно се работи на уредување на коритото на река Отиња и дека истото е во завршна фаза.

„Ова е евидентирано на 1 март 2018 година. Исто така, од ова место е евидентирано дека на 17 август 2018 година, на истото ова место е приложено и прикажано одвивање градежни активности со цел уредување на коритото на река Отиња.

Замислете, две години се манипулира дека се уредува коритото во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт. Жителите на оваа населба знаат дека се заборавени и излажани од страна на локалната самоуправа и градоначалникот.

Крајно време е да бидете барем еднаш одговорен пред граѓаните и да соберете сили конечно да го завршите она што некој пред вас го оставил. Ве замолуваме да го сторите тоа не затоа што ние ви укажуваме, туку затоа што граѓаните го очекуваат и го бараат тоа од вас“,повика Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.