17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левица: Власта ги толерира криминалите на ДУИ на струшкото крајбрежје

Локални иницијативи од Струга повторно апелираат за узурпирање и уништување на струшкото крајбрежје, за кое државните инспектори наводно не откриле никакви нелегални градби. Со оглед на тоа што градежниот инспектор на општина Струга, при постапувањето по наше барање, констатира бесправно градење на бетонски парапет и издаде Решение за негово отстранување, евидентно е дека власта и институциите на централно ниво ги штитат криминалот и бизнис-интересите на локални моќници и противзаконски не преземаат никакви мерки за нивно санкционирање, соопшти Левица.

Според нив, додека Владата води агресивна кампања во меѓународната заедница за развојот и просперитетот на државава, на терен се палат резервати и национални паркови, неповратно се девастира светско културно наследство, шумската мафија остварува милионски профити, додека сите институции молчат и го толерираат самоволието на поединци блиски до власта. ,,Премиерот Заев, кој лично го поддржа градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко, има должност да ѝ објасни на јавноста за пустошот и уништувањето на Охридското езеро и за непостапувањето на институциите против криминалите на ДУИ”, се вели во соопштението.

Левица ќе поднесе барања за итен инспекциски надзор за спорните парцели до Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Управата за културно наследство и истовремено ја повикуваме Антикорупциската комисија да отвори случај, по примерот со дивоградбите на Матка. Се бориме за еднакво општество за сите, а не само за привилегираните поединци на владејачкиот естаблишмент и капиталот, се додава во соопштението.