Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Османи и Димитров во Бундестагот: Подготвени сме преговорите со ЕУ да ги почнеме уште денеска

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамки на работната посета на Германија одржаа брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг.

Пред Комисијата за ЕУ, Османи и Димитров реферирале за текот на спроведување на реформите за европска интеграција на земјава, спроведувањето на донесените европски закони, како и имплементацијата на обврските кои произлегуваат од договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Бугарија.

Димитров рекол дека македонската делегација е тука за да ги увери претставниците дека одлуката за почеток на преговори е заслужена.

„Отворањето на патот кон ЕУ ќе претставува силно охрабрување за целта до која сакаме да стигнеме – модерна европска демократија. Воедно тоа ќе претставува и јасна поддршка за еден вид лидерство што ни треба повеќе во регионот. Лидерство кое се стреми на европски начин да ги решава проблемите и да создава иднина“, посочил тој.

Османи, пак, кажал дека државата е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија уште денес.

„Успехот на земјата создаде нова реалност на Балканот и истовремено е веројатно најуспешната европска приказна во регионот, угледен пример за другите земји од Западен Балкан – јасно прикажувајќи ја трансформативната моќ на европската идеја“, нагласил вицепремиерот.

Претходно Османи и Димитров се сретнале со пратеникот Јохан Вадефул и оствариле официјална средба со претседателката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, како и со државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК