11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Остануваат клучните разлики за СЈО, консултациите ќе продолжат

Вчера била одржана средба на која се разгледувал последниот законски текст за Јавното обвинителство, јави Министерството за правда.

Оттаму преку сооопшение не посочија кој присуствувал на средбата, но истакнаа дека двете страни се согласиле консултациите за законот да продолжат, бидејќи клучните разлики и понатаму се присутни.

„Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава, земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување на преговори со Европската Унија“, велат од Министерството за правда.

Премиерот Зоран Заев вчера во изјава за медиумите рече дека дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО се прифатени. Заев дополни дека „бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година. На неговата изјава реагираше опозицијата од каде истакнаа дека тоа не е вистина и рекоа дека очигледно Заев го немал прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Рената Дескоска, го доставила до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.