Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Додека народот немаше леб да јаде, ВМРО ДПМНЕ трошеше на скапи лустери: Која е вредноста на луксузните лустери од Белата Палата на ВМРО ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ да каже колку чинат скапите лустери, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Од овој луксузен дворец деновиве се вадат луксузни и вредни предмети и тие наводно се донираат под крајно сомнителни околности. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери? Дали и каде и во кој финансиски извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка?“, рече Костадинов.

Додаде дека имотот бил замрзнат поради судски предмет пред надлежниот суд, а во ек на кампања не се дозволени донации.

„Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните, сега се шверцува на сомнителен начин? Еве шанса и за Гордана Силјановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за луксузните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува“, порача владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК