20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Прифатени дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО

Претседателот на Владата, Зоран Заев, изјави дека се прифатени дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО. Новата верзија за законот за СЈО, рече Заев, е испратена до опозицијата и тој очекува од утре да почнат преговорите на ниво на работни групи. Заев рече дека „бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година.

„Ги знам сите детали, кои се промените, кои се четирите аспекти каде што се направени сите тие промени коишто имаат сериозен импакт врз сите суштини на амандманите поднесени од најголемата опозициона партија“, изјави Заев и додаде дека верува оти процесот ќе успее и замоли да успее побрзо, бидејќи покрај преговорите има и парламентарна процедура.

Премиерот истакна дека „бомбите“ нема да бидат во ова доказна постапка во идното работење на Јавното обвинителство во Република Северна Македонија и додаде дека оние бомби што веќе се во судска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат.