Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Признание за Витаминка за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

Витаминка од Владата на Република Северна Македонија доби признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.

Признанието го прими Претседателот на одборот на директори, Симон Наумоски кој истакна дека ова, пред сè е заслуга на Генералниот извршен директор и младиот менаџерски тим во компанијата. Тој уште дополни дека во Витаминка се воведуваат и други новини со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности.

„Витаминка е предводник во создавање подобри услови за сопствените вработени. Со последните одлуки и иницијативи, покрај скратеното работно време во период од три месеци за родителите кои се враќаат од породилно отсуство, Витаминка уште воведе и надоместок за трето дете, што претставува уште една мерка со која се подобрува статусот на вработените и се поттикнуваат семејните вредности и успешното родителство“, истакна Наумоски.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на доделувањето истакна дека за квалитетен пазар на труд, но и за успешно родителство многу е важно да се прави баланс помеѓу професионалните и приватните обврски. Таа порача оваа иницијатива да биде инспирација и пример за сите останати компании.

Неодамна компанијата со цел заштита на здравјето на вработените и будење на свеста за рана детекција на ракот на дојка, организираше бесплатни ехо прегледи на дојка како и предавања на истата тема.

Можеби ќе ве интересира

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7% во споредба со лани

ДЕСК