1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов: Преку незаборавните театарски улоги Билјана го претвораше сонот во јаве, а животот во сон

Претседателот Ѓорге Иванов упати сочувство по повод смртта на актерката Билјана Беличанец.

„Со неверување и длабока тага ја примив веста за трагичната смрт на нашата драга актерка Билјана Беличанец. Иако немам соодветни зборови што би ја ублажиле големата загуба, дозволете, како претседател на Република Македонија, да упатам најискрено сочувство до семејството, колегите од Драмскиот театар и до целата македонска културна јавност. Нејзината драмска кариера почна во оној момент кога таа првпат го препозна повикот на театарот. Повик во својот живот да направи место за многубројни ликови и да ги сподели со публиката. Преку незаборавните театарски улоги Билјана го претвораше сонот во јаве, а животот во сон. И со тоа Билјана Беличанец го збогати македонското театарско творештво. Со нејзината трагична и прерана смрт македонската театарска сцена остана без нејзиниот врвен талент и безрезервната предаденост кон драмската уметност, а сите ние останавме без нејзиното пријателство“, пишува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +