2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Едмонд Адеми во Ватикан се сретна со монсињор Пол Ричард Галагер

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, кој престојува на работна посета на Италија и Ватикан, се сретна со секретарот за односи со државите при Светата столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу Република Северна Македонија и Светата столица, кои се базираат врз значајни историски врски, заеднички споделени духови и културни вредности и традиции и беше истакната активната улога на Република Северна Македонија во промовирање на меѓурелигискиот дијалог и почитување на верските слободи.

Министерот Адеми го информира соговорникот за приоритетите и целите на Владата, преспективите на европските и евро-атлантските интеграции, како и за развивањето изразени пријателски врски со соседите.

Адеми, меѓу другото, потенцира дека престојната посета на апостолкото патување на папата Франциско во Република Северна Македонија на 7 мај 2019 е историска за Република Северна Македонија и таа испраќа силна порака за мир, солидарност и дијалог меѓу луѓето и народите.

За време на средбата беа разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштита на културно-историското наследство, образование и здравство.