28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тажна вест: Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва

Популарната актерка и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa, Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва потврдија од МВР.

Засега не се познати причините за смртта.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Нејзини последни претстави се “Господа Глембаеви”и “Последните Македонци” во матичниот Драмски театар.

Најпозната беше по улогата на Туфи во серијалот за деца „Здраво генијалци“ од 90тите.

Таа е е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК