Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неофицијално: Беличанец е најдена обесена во стан во Скопје

Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец е најдена обесена во стан во Скопје, јавуваат медиуми.

Инаку Беличанец покрај тоа што беше градоначалничка на Кисела Вода од 2013-2017-та беше и една од најпопуларните актерки во земјава.

Особено беше препознатлива по улогата на Туфи во серијата Здраво Генијалци.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +